Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во потрагата по Лидија најдени нејзини предмети, теренот покрај Вардар се пребарува и со дрон

/

пред 693 дена

Сподели преку :

-Министерството за внатрешни работи презема низа мерки и активности со цел пронаоѓање на исчезнатата Л.Т. (43) од Јурумлери, скопско. Утврдено е движењето на жената, при што од раскрсницата од Јурумлери се упатува кон патот кој води кон Драчево, извести МВР за потргагата по Лидија која исчезна во петокот

Во текот на вчерашниот ден, во близина на мостот на р. Вардар, при пребарување на теренот пронајдени се предмети (кутија од цигари, запалка и џемпер).

-Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин извести МВР.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата. Искористен е и дрон во потрагата при што е извршено воздушно пребарување по текот на Вардар во должина од скоро пет километри се до селото Огњанци.

-Дополнително пребарана е и пошироката околија и напуштени објекти. Потрагата продолжува интензивно и денеска, се до пронаоѓање на лицето, посочија од МВР.

Обид за изнуда на пари од семејството на исчезнатата Лидија