Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возел 105 на час по штипски булевар, полициски пресретнувач го фати како вози двојно од дозволената брзина

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Санкциониран 21-годишен штипјанец кој „дивеел“ со голф на штипски булевар со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место, соопшри МВР. Во продолжение соопштението.

Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.

Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.