Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За три дена санкционирани 2.490 сообраќајни прекршоци

/

пред 464 дена

Сподели преку :

За три дена на ниво на целата држава, сообраќајната полиција при спроведени контроли изрекла вкупно 2.490 платни налози за различни прекршоци.

Дури 513 од нив се за неприлагодена брзина. За управување без возачка дозвола санкционирани се 251 лице, а за користење мобилен телефон при возење 103.

Забележани се и девет случаи на минување на црвено светло, како и 185 прекршоци од страна на пешаци.

Од сообраќај биле исклучени 26 возачи поради возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за зголемена внимателност и почитување на сообраќајните прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.