Српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ Стефан ќе служат литургија на помирување на 19 мај во црквата Свети Сава во Белград. Литургијата ќе започне во девет часот, а ќе чиноначалствуваат сите архиепископи на двете цркви, објавија српските медиуми. Порфириј ги повикува верниците да присуствуваат на архиерејската литургија во што поголем број.
Во Белград, според српски медиуми, по писмото МПЦ започнала тајни средби со СПЦ, а се шпекулира дека бил контактирана и Васеленската Патријаршија во Истанбул. Црковните документи за литургијата се чувале во крипта во храмот Свети Сава чии влезови се забарикадирани и покриени со подна облога, а дополнително заштитени со приватно обезбедување, објавија некои медиуми во Белград.
Некои српски медиуми тврдат дека од вчера во Белград е и портпаролот на МПЦ, Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Тој вчера не одговараше на повиците на новинарите од Македонија откако Соборот на СПЦ ја објави својата одлука за канонско единство со Македонската црква.
По одлуката имаше критики дека МПЦ всушност се враќа многу поназад од клучното прогалсување на автокефалност на МПЦ во 1967-ма година кога СПЦ го отвори спорот и ја оспори црковната независност на Македонската црква.











