Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загина мотоциклист во Скопје

/

пред 1606 дена

Сподели преку :

(Фотографијата е илустрација и не потекнува од местото на несреќата)

28-годишен мотоциклист загина синоќа откако со мотор и со 27-годишна сопатничка излетал на улица во центарот на Скопје.

Несреќата се случила десетина минути пред полноќ, а мотоциклистот по излетувањето удрил во ограда,

Веднаш бил префрлен во блискиот Ургентен центар на Клинички, но таму починал од тешките повреди.

Соопштение на МВР за настанот:

На 11.05.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал. Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.