Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здрава Котлина прашува дали Еколог ќе го купува Еуромакс и со ДУИ ќе ги менува судските забрани за рудници. Тетовската фирма негира интерес за опасните рудници

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Дали се продава компанијата Еуромакс Рисорсис, на која Владата и ги одзеде концесиите за експлоатација на руда од рудникот Иловица-Штука?

Активистите против отворање на рудници во Југоистокот велат дека со месеци кружат информации дека има преговори за продажба на Еуромакс на македонска компанија.

-Ние сме запознаени со информации дека фирма од Тетово, нека биде прашање до владата, дека е фирмата Еколог. Дека имаат намера да ја откупат Еуромакс и поддржани од нивната партија која е константно дел од македонската влада и да ги активира и промени сите одлуки на Управниот суд за да почне рудникот да работи, изјави Костадин Ристоманов од „Здрава котлина“.

Извори од ЕКОЛОГ, неофицијално тврдат дека немаат намера да го купуваат Еуромакс Рисорсис.

Активистите велат дека за нив рудникот е завршена работа и будно ќе следат дали македонски компании ќе ја купат Еуромакс Рисорсис. За нив е симптоматично купување компанија која нема никаква дејност во моментов.

-Дали сега некоја наша компанија, од Македонија откако успеавме да се справиме со странски инвеститор ќе почне да прави исти работи кои водат во немири, па дури и војна, рече Костадин Ристоманов-„Здрава котлина“

До Еуромакс Рисорсис вчера испративме прашање дали преговараат за продажба на компанијата.

Најпрво рекоа дека ќе испратат одговор, а подоцна дека директорот за комуникации на Еуромакс е на пат и не можат да одговорат.

Сузана Мицева