Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Љубојно шест дена протестираат против сечата на дабовата шума

/

пред 428 дена

Сподели преку :

Жителите на преспанско Љубојно веќе шести ден со протести се спротивставуваат на сечата на дабовата шума над селото, предупредувајќи на еколошка катастрофа и уништување на животната средина.

И покрај полициската казна од 600 евра за блокирање на патот и попречување на камионите натоварени со дрва, тие не се откажуваат од протестите против планот на шумското јавно претрпијатие за  експлоатација на илјадници кубни метри дрвна маса.

-Просекот на годишна сеча е меѓу 7 и 10 илјади кубни метри дрва. Замислете, за три години ќе снема над 30 илјади кубни метри. Тоа ќе значи комплетна еколошка катастрофа,  ќе ни го нарушат водоводниот систем кој сами го изградивме и ќе останеме без квалитетна вода. Ќе има суши, порои, вели Лазе Ангеловски, жител на Љубојно.

Месното население се жали дека камионите веќе ги оштетиле селските улици и инфраструктурата.

-Овој пат го правеле дедовци и прадедовци, а ние собиравме пари да го реновираме. Камионите целосно го уништија. Горе има резервоар за вода, цевки и кабли, а никој ништо не презема. Ако протестираш , полицијата те казнува, ако не дојдеш , не се издржува, вели Пеце Томулевски.

-Сега е време за реакција, ако се повтори Кочани или Стајковци, тогаш ќе биде предоцна,“ додава Александар Наумовски.

Жителите добија поддршка и од граѓанската иницијатива „Зелена народна стража“.
-Денеска сме тука во знак на поддршка на преспанци против оваа, дали дивa или ‘легална’ сеча, изјави Ѓорѓи Ѓорѓиоски.
-Ќе блокираме до крај, се додека секое дрво не го заштитиме, додаде Бети Котовческа.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека сечата е планска и  е предвидено да се исечат над 4.000 кубни метри дабова шума од два оддели, а досега се исечени нешто повеќе од 1.500 кубни метри.

„Сечата е предвидена согласно Посебниот план за стопанисување со шуми за шумската стопанска единицас  „Пелистер–Брајчино“, по Решение од 13.03.2024. Во моментов, според информациите со кои располагаме, сите активности на терен во однос на сечата се прекинати,“ стои во одговорот од МЗШВ.

Но, жителите не се откажуваат. Полициската глоба од по 600 евра за блокадите ја плаќаат солидарно и најавуваат дека ќе продолжат со протестите  за спас на шумата на Љубојно.

Емилија Мисирлиевски