Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонската влада подготвена на разговори со Бугарија за уставните измени

/

пред 645 дена

Сподели преку :

Софија може да биде убедена. Ова е ставот на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, искажан во Топ Тема на Телма, за тоа дали Бугарија би прифатила уставните измени со одложено дејство како решение со кое Македонија би го продолжила пристапниот процес во ЕУ.

Јас сум сигурен дека Софија може да биде убедена. Треба ЕУ и земјите членки на Европската унија, заеднички со нас, сите да го искористиме кредибилитетот кој што го имаме и да разговараме со Софија. Ќе повторам, Софија со нашиот пример прави историска грешка и јас сум убеден и дека најголем дел од чинителите коишто се во соседна Бугарија се свесни за тоа, иако заради некои опортунистички политички причини не си го признаваат тоа, изјави во Топ Тема, Муцунски.

Муцунски изјавата ја даде ден пред во Бугарија партијата ГЕРБ да го добие мандатот за формирање на политичка влада, со која, доколку се формира, македонската страна со задоволство, како што рече Муциунски, е подготвена да разговара за проблемот.

За тоа што идната влада во Бугарија би била составена од ГЕРБ чија претходна влада стои за Договорот за добрососедство, партијата Има таков народ кој во владата на Кирил Петков беше потврдото крило во односите кон Македонија, но и можниот нов министер за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, кој беше заменик-министер на поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева позната по своите ригинди ставови кон Македонија, за Муцунски се причина за претпазливост, но не и за страв.

Верувам дека во добра верба може да се најде решени на се. Голем дел од овие партии кои ги наброjaвте, па дури и поединците коин што ги споменавте во нинвите изјави постојано нагласуваат колку се проевропски ориентирани, колку гледаат европска и евроатлантска иднина во нивната држава, колку за нив значајни и ЕУ и НАТО како алијанса. И доколку се искрени во тие заложби, тогаш сметам многу бргу може да се најде решение на овој предизвик којшто го имаме меѓусебе. Е сега прашањето е искреноста. И тест на времето ќе биде искреноста. Колку сакаме да ги решиме проблемите и колку не сакаме да ги решиме проблемите, изјави Муцуски.

Според Муцунски има многу теми со кои би требало да се разговара со новата бугарска влада, но најпрви со утврдување на еден предуслов.

Има многу теми за коишто ќе дискутираме. Има многу теми коишто треба да ги отвориме меѓусебе, но секогаш се навраќаме на тоа што го зборувавме претходно, дали ни е целта иста. И тоа е тоа што на почетокот ќе треба да го дефинираме со новата влада. Дали ни е целта заедничка европска иднина и на нашата држава и на целиот регион, вели Муцунски.

Според Муцунски она што Македонија е подготвена да го стави на маса за да се постигне компромис со Софија е спроведувањето на уставните измени, но не е подготвена да прави компромиси по секоја цена, туку само доколку тоа создаде предвидливост во пристапниот процес на земјата. Едно од прашањата кои македонската влада сака да ги отвори во евентуални разговори со новата бугарска влада е и ревидирање на Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство.

Тамара Грнчароска