Македонската филхармонија вечер во Националниот дворец на културата, во Софија, ќе учествува во изведбата на сценската кантата „Кармина Бурана” , заедно со Филхармонијата од Софија и Симфонискиот оркестар од Солун.
Се работи за дело, базирано на среднвековни поеми. А, со изведбата ќе диригира маестро Најден Тодоров од Бугарија, на чија иницијатива се реализира овој проект.











