Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонскиот брачен пар се уште заглавен – уште еден наш државјанин е во Газа, но одбива да се евакуира

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Македонскиот брачен пар кој требаше да биде евакуиран од Газа засега останува заглавен. Министерот за надворешни Османи рече дека операцијата за евакуација на странските државјани од појасот Газа преку египетскиот граничен премин Рафах засега е во застој, поради бомбардирањето врз амбулантното возило, при што загинаа две медицински лица. Брачниот пар е на списокот за евакуација, но таа ќе продолжи кога ќе одлучат египетските власти да ја кренат рампата на преминот.

И утринава не било безбедно на граничниот премин, рече Османи, кој појасни дека освен брачниот пар кој чека евакуација, во Газа има уште еден македонски државјанин. Но, тој одбивал да биде евакуиран затоа што бил дел од хуманитарна организација.

Четиричленото семејство Скаик во неделата безбедно пристигна во земјава, откако по долги напори беа евакуирани од Газа.