Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео)Македонските патници од Дубаи слетаа во Скопје, меѓу нив има и државјани од соседството

/

пред 212 дена

Сподели преку :

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Муцунски најави дека во среда во Приштина ќе слета авион со патници од Бахреин, Катар и Кувајт, кои се евакуираат најпрво во Саудиска Арабија, а од соседно Косово по земјен пат ќе бидат донесени во Скопје.

Дел од патниците кои вечерва пристигнаа на скопскиот аеродром, велат дека во Дубаи редовно биле известувани преку пораки на нивните мобилни телефони за безбедносната состојба и дека ги слушале ракетите.

Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати почна евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови.

Како што информира денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја

Според премиерот Христијан Мицкоски, организирани се чартер летови од Саудиска Арабија кои ќе ги прифатат македонските граѓани во Катар и Кувајт. Се очекува тие да пристигнат во среда.

Последните податоци покажуваат дека Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.

Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

Вечерва во Скопје слета првата група на евакуирани македонски државјани од Израел

МНРиНТ уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

Македонската амбасада во Абу Даби ги повикува сите граѓаните кои сакаат да се евакуираат да се пријават

Б.С.