Францускиот претседател Емануел Макрон е на став дека мировен договор за Украина не може да се постигне „под руски диктат“, бидејќи како што истакна во синоќешното телевизиско обраќање, „мирот не може да се постигне со капитулација на Украина“. Тој не смее да биде преку колапс на земјата.
Францускиот претседател ја повика Европа да го прифати фактот дека САД ќе излезат од нејзина одбрана и мора „да биде подготвена ако тоа се случи“.











