Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон размислува за контрола на социјалните мрежи

/

пред 1203 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон размислува да ги блокира онлајн медиумите за да се бори против понатамошните немири во Франција.

Неопходно е да се размислува за тоа како младите луѓе кои протестираат ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, изјави вчера Макрон на состанокот со градоначалниците во Париз.

Според него, ако работите излезат од контрола, можеби ќе треба да се регулираат социјалните мрежи или да се затворат.

Во петокот, претседателот ги обвини социјалните мрежи за ескалацијата на насилството за време на протестите против полициската бруталност.

Преку социјалните мрежи се организираа насилни собири, рече тој, додавајќи дека мора смирено да се размислува за управувањето со социјалните медиуми „затоа што кога ќе стане инструмент за собирање или обид за убиство, тоа е вистински проблем“.

Во меѓувреме, во северна Франција, граничните контроли со Белгија беа засилени за да се запре увозот на пиротехнички средства, објавија француските медиуми. Целта е да се спречат бунтовниците да се снабдуваат со пиротехнички средства.