Новиот француски предлог не е подобар од претходниот туку само е технички изменет, вели Малинка Ристевска Јорданова, член на Управниот одбор на Институтот за европска политика.
Според неа нема потреба од брзање и не треба да се претставува дека сме пред свршен чин.
Напротив смета дека доколку Владата го прифати овој предлог, во преговарачкиот процес ќе доминираат бугарските барања влезени во преговарачката рамка.
Со Малинка Ристевска Јорданова разговараше Елена Ивановска Мукоска.











