Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малиновски: Членот 353 од КЗ е најсилна брана за злоупотреби на службена положба, кога ќе го тргнете ставот 5 буквално велите „повелете, правете кој што сакате“

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Македонија со децении живее со членот 353 од Кривичниот законик (КЗ) и тој е најсилната брана кога станува збор за злоупотребите на службената положба и овластување, истакна адвокатот Даран Малиновски во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Има логика да се разговара и за нејзината бланкетност, меѓутоа има и многу конкретни или специфични белези или битија во 353, особено во ставот 5. Е, ставот 5 не ви е бланкетна, ставот 5 во е многу конкретна“, рече Малиновски.

Според него, членот 353 од КЗ до 2023 година ја исполнуваше својата функција и потенцира дека најголемите штети по буџетот на дрѓавата се случува во ставот 5.

„И вие кога ќе го тргнете ставот 5, особено на начин како што сега е предложен, буквално ја отворате вратата е велите „повелете, правете кој што сакате““, рече Малиновски.

С.Д.