Поголемиот стаж што го има во судница како судија за мене е предност, изјави адвокатот Драган Малиновски во „Вин-Вин“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савевски за кандидат за државен јавен обвинител.
„Ќе беше прекрасно да некој стаж да имал и како адвокат, па да ги има сите аспекти пред себе кога настапува од позицијата на државен јавен обвинител. Биографијата е сосема коректна, гледам каде бил се активен, надвор од она што бил како судија“, смета Малиновски.
С.Д.











