Дете кое пешачело со неговиот дедо вчера по улица во скопската населба Драчево било сретнато од познаник кој управувал со мотор. Лицето го фатило дете за рака со што продолжило да управува со моторот, а детето во неможност да продолжи да чекори, паднало и било влечено по улицата.
„На 25 мај oколу 14:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица во Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице. Според пријавата, сопатник на моторот бил А.Х.(18) од Скопје, кого детето го познавало. Во еден момент А.Х. го фатил детето за рака, а моторот продолжил да се движи, по што малолетникот паднал и бил влечен по улицата“ соопшти МВР.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.











