Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малолетник падна од објект во изградба во Охрид

/

пред 386 дена

Сподели преку :

Малолетник паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар“, a сопственикот на објектот доби кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.

Охриѓанецот како сопственик на правното лице, не се придржувал кон законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објектот во изградба.