Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малта прифатила да биде идниот претседавач на ОБСЕ

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Малта прифатила да биде идниот претседавач на ОБСЕ. Ова на платформата „Икс“ го објави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, нарекувајќи ја „огромна одлука која го отвора патот изборот на претседавач за консензус да биде потврден во Скопје“.

Како што дознава Телма, предлогот од 2024 Малта да застане на чело на организацијата поминал со консензус на двете работни тела на амбасадорите на земјите-членки на ОБСЕ во Виена. Руската федерација, САД, ЕУ и Естонија која беше предлогот за претседавач за 2024, кој Москва не го прифаќаше, дале зелено светло за кандидатурата на Малта.

Доколку не се случи нешто непретвидено, денешната одлука на амбасадорите на ОБСЕ, која во текот на викендот Османи во очекување ја нарече „Денот Д“, извесно е дека ќе биде потврдена од министрите за надворшени работи на земјите-членки на Организацијата, со што би се спречила целосна блокада на Организацијата.

Инаку во ОБСЕ со консензус се бираат и четири клучни позиции – генерален секретар, високите претставници за малцинства и за слобода на медиуми, како и шефот на ОДИХР, чии мандати истекуваат на 4 декември. Како што дознава Телма, за изборот на овие позиции се уште не е постигнат консензус.

Тамара Грнчароска