Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум на Токсикологија да дадат предлог за именување на медицински директор

/

пред 847 дена

Сподели преку :

Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.

На средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор, кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.