Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Марш за Ангелите во Кочани“, мирен протест во Скопје

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Денеска навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотека „Пулс“во Кочани, во која згаснаа 62 млади животи во катастрофалниот пожар, а повеќе од 200 беа повредени. Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.  Од здружението “16ти март 2025-Кочани“ пак го најавија 22тиот “Марш за ангелите” и повикуваат: Да се собереме сите заедно, да им оддадеме чест на ангелите и да покажеме дека нивната светлина и борбата за правда нема да згасне. Освен  најавените собири, предвидени се и низа активности во Кочани и Штип. Со почеток од 20 часот, во градскиот парк на Револуцијата во Кочани и градскиот плоштад Слобода во Штип.