Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маслото од Србија никако да пристигне

/

пред 1629 дена

Сподели преку :

Маслото од Србија никако да пристигне. Иако  се најавува  веќе неколку дена, извоз  се уште нема. Но,  министерот Николовски уверува дека првите количини се испорачани денеска- од утре се очекува да се најде  на рафтовите во маркетите.

И од Царина потврдија дека заклучно со вчерашниот ден увоз на зејтин  од Србија немало.

За нерафинираното масло пак  за кое  домашните производители веќе имаат склучено договори , забраната за извоз се уште е на сила. Не се знае ниту кога Србија ќе дозволи да се испорачува.

Во меѓувреме додека се чека маслото од Србија, граѓаните и натаму се жалат дека освен што е скап, зејтинот се потешко можат да го најдат.

Договорот е  Србија да испорача околу  два милиони  литри зејтин. Според проценките овие количини ќе бидат доволни да се покријат  потребите за само еден месец.

Ирена Чачкова