Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мазутот ќе топли, но и екстремно ќе загадува

/

пред 1545 дена

Сподели преку :

Ако оваа зима наместо гас за греење се користи мазут, ќе настане вистинска еколошка катастрофа.

И дел од експертската јавноста на иста линија со регулаторната комисија за енергетика. Велат , Градот Скопје во текот на зимата  и онака е со висок степен на загаденост и ако дојде до ситуација да се користи овој  енергенс тоа ќе биде страшно.

„Топланите се во населени места, а не  надвор од градот. Околу топланата Запад во Тафталиџе има училишта,  има деца,  но и  тука постојано има ветар и кога ќе испуштаат штетни материи , дирекно не само децата   туку и целото населние ќе ги дишат. Исто е и со Топлната Исток која е во близина на Аеродром, но не се засеганти само жителите  околу овие  топланите туку ќе биде  штетно за  целото население. Затоа по секоја цена треба да се избегне  мазутот за греење и да се користи гас,  затоа што тоа ќе биде еколошка катастрофа“ – вели за Телма Ристо Цицонков, универзитетски професор

Вчера и од РКЕ апелираа до властите да се обезбеди гас за престојната грејна сезона и да не се користи мазутот поради тоа што е еколошки лош, а заштедите  би биле  мали.

Но планот на  Владата е  ако  нема доволно гас, топланите да користат алтернативно гориво.

Од први август граѓаните ќе имаат и нова повисока цена на парното за 14,18 отсто.

Со ова зголемување од почетокот на годинава до сега парното е поскапено за речиси  30 отсто.

Допрва ќе се избира и компанија која ќе го земени БЕГ на која пред извесно време и беа одземени сите три лиценци.

Рокот е до крајот на септемрви да се најде нов снабдувач.

Тендерот уште не е објавен,  но од владата уверуваат дека скопјани не треба да се грижат, испораката на топлинска енергија ќе почне на време.

Ирена Чачкова