Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мециновиќ: Скопје се разбуди, Скопје одлучи дека може да гласа поинаку

/

пред 348 дена

Сподели преку :

Скопје се разбуди и Скопје одлучи дека може да се гласа поинаку, порача Амар Мециновиќ кој беше кандидат на Левица за градоначалник на Скопје на локалните избори.

„Уште од самиот почеток на кампањата целта нѝ беше преку јасни пораки и човечки пристап, да воведеме нова политичка култура на комуникација, на надеж и на убава енергија. Тоа успеавме да го направиме. Еве сме, тука сме, успеавме да ја пробудиме енергијата на граѓаните на Скопје. За жал, на самиот крај видовме дека имаше обид од страна на владеачката авторитарна ВМРО-ДПМНЕ да го смени сето ова, со нивни методи, но не успеа да ги обесхрабри скопјани кои покажаа дека не е толку јасна позицијата на владеачката партија како што мислеа. Тоа значи дека во наредните две и пол години Скопје само дополнитечно ќе се мобилизира и на парламентарните избори, Левива ќе претендира да биде прва партија во Скопје“, истакна Мециновиќ.

С.Д.