Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓу осуммината избодени со нож во Франција, шест се мали деца, три од нив се во критична состојба

/

пред 1230 дена

Сподели преку :

Напад во Франција- најмалку осум луѓе, меѓу кои шест се мали деца се избодени со нож во нападот кој утринава се случи на играчиште во градот Анесиј во југоисточна Франција. Полицијата соопшти дека напаѓачот е совладан и уапсен, а три од децата се во критична состојба.

Нападот се случил во 10 часот претпладне, а дојавата до полицијата стигнала само неколку минути подоцна.

Според француските медиуми напаѓачот е по потекло од Сирија и има 32 години. А нападнатите деца се на возраст од три години и одат во локалната градинка.

На Твитер се шири снимка од бегството на напаѓачот.

„Целата моја поддршка за жртвите од овој страшен напад и за полицијата која утрово интервенираше за да го неутрализира напаѓачот“, напиша на Твитер парламентарката Винџин Дуби Милер.