Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународен ден на лицата со цистична фиброза- во Европа се афектирани околу 2.500 новородени деца годишно

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

По повод Меѓународниот ден на лицата со цистична фиброза, НЛБ Банка – Скопје денеска ќе биде претставена како „патрон на пациентите со цистична фиброза“ и, заедно со Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ), ќе информира за активностите со кои ќе ги поддржи лицата со оваа наследна хронична болест.

Цистичната фиброза (ЦФ) е генетска болест од која во Европа се афектирани околу 2.500 новородени деца годишно. Најчеста карактеристика на ЦФ е прогресивно оштетување на респираторниот систем. Густата слуз ги затнува дишните патишта, предизвикувајќи тешкотии при дишењето и ја зголемува веројатноста за појава на бактериски инфекции во белите дробови.

Со текот на времето може да предизвика хронично кашлање, отежнато дишење и воспаление и да се развие во трајно оштетување на белите дробови, формирање ткиво со лузни (фиброза) и цисти во белите дробови.