Меѓународната агенција за енергија повика на итни мерки за намалување на потрошувачката на нафта, меѓу нив и работа од дома, помало користење авионски превоз и спроведување на мерката пар непар со возила по атиштата Овој повика доаѓа додека во време кога војната со Иран веќе ги турка цените нагоре, а светот стравува од економски удар.
Меѓународната агенција за енергија предупреди дека светот влегува во нова енергетска криза и повика владите, компаниите и граѓаните да преземат итни мерки за намалување на потрошувачката на нафта. ИЕА веќе објави и најголемо ослободување на стратешки резерви на нафта досега, вкупно 400 милиони барели, но порачува дека тоа нема да биде доволно без паралелно намалување на побарувачката.
Пораката на агенцијата е јасна: кризата не може да се ублажи само со пуштање резерви на пазарот. Според Reuters, ИЕА смета дека краткорочните мерки за намалување на побарувачката се неопходни ако државите сакаат да го намалат ударот врз граѓаните и економиите. Затоа меѓу препораките се и работа од дома, споделување превоз, ограничување на непотребни летови и поголема енергетска штедливост во транспортот.
Ова е важно затоа што ИЕА не зборува само за пазарна нестабилност, туку за ситуација што бара промени во секојдневните навики. Кога една меѓународна агенција повторно предлага работа од дома како антикризна мерка, тоа значи дека енергетскиот притисок веќе не е само тема за берзите, туку за организацијата на секојдневниот живот.
Причината за ваквиот аларм е сериозното нарушување на снабдувањето со нафта по војната на Блискиот Исток и проблемите во Ормускиот Теснец, една од најважните енергетски рути во светот.
Тоа значи дека дури и рекордното пуштање резерви не гарантира брзо смирување. Колку подолго трае нарушувањето на снабдувањето, толку поголем станува ризикот од поскапи горива, транспорт и индустриско производство.
ИЕА ја гледа работата од дома како една од реалните алатки за брзо намалување на притисокот врз пазарот.
Ова е значајно и затоа што препораките потсетуваат на нафтените кризи од минатото, кога државите посегнуваа по комбинација од државни резерви и ограничување на потрошувачката.
Пораката на ИЕА не треба да се чита само како техничка препорака за енергетскиот сектор. Агенцијата отворено советува луѓето да работат од дома и да летаат помалку, тоа значи дека кризата веќе се движи од геополитика кон реална економска последица.











