Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мелони до челниците на ЕУ: Не етикетирајте го Трамп како „луд и непредвидлив“, Европа ќе загуби сè во судор со Америка

/

пред 254 дена

Сподели преку :

Италијанската премиерка Џорџа Мелони застана во одбрана на американскиот претседател Доналд Трамп во разговорите што ги водеше со челниците на Европската Унија оваа недела, пишува „Политико“.

Според наводите на бриселскиот медиум, таа ги повика политичарите да не го етикетираат Трамп како „луд и непредвидлив“ и порача дека „Европа ќе загуби сè во судир со Америка“. Нејзините изјави доаѓаат во момент кога гостин во Рим е германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој, пак, пред новинарите изрази подготвеност да се придружи на иницијативата на претседателот на САД, Доналд Трамп во „Бордот за мир“ поради Газа, но оти планот во моментнот не може да го прифати.