Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Ќе го ограничиме бројот на баратели на азил на 100.000

/

пред 553 дена

Сподели преку :

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата федерална влада ќе се стреми бројот на баратели на азил да не надмине 100.000 годишно.

Нашите градови, училишта, болници и инфраструктура се веќе на работ на издржливост, изјави Мерц за германската телевизија АРД.

Тој го потврди планот за запирање на спојувањето на семејства и најави широка кампања за депортација, како што е наведено во коалицискиот договор меѓу неговата конзервативна коалиција и Социјалдемократската партија.

Мерц најави дека ќе воведе механизми за одбивање на мигрантите уште на границите, а соработката со соседните држави веќе е започната.

Во 2024 година, Германија регистрирала речиси 230.000 барања за азил, што е за околу 100.000 помалку од 2023.

Мерц смета дека капацитетот на Германија е максимум 100.000 барања годишно.