Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Стабилноста во односите со Русија е клучно за иднината на Германија и Европа

/

пред 262 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва. Говорејќи пред бизнисмени во Хале, Мерц порача дека стабилноста во односите со најголемиот европски сосед е клучна за иднината на Европа и Германија.

„Ако успееме да ги вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно пронајдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако завладее мир и ако се осигура слободата, ако успееме во сето тоа, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот испит и по 2026 година ќе можеме со доверба да гледаме кон иднината“, рече Мерц.

Тој нагласи дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.

„Ова го зборувам каде и да се наоѓам во Германија“, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.