Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерката „гарантирана цена“ згасна, цените растат – комисијата за заштита на конкуренција да биде поактивна

/

пред 958 дена

Сподели преку :

Повеќе од две илјади земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничена маржа од десет отсто.

Министерството за економија и Организацијата на потрошувачи ќе работат на изговтување на листа на производи, кои би требало да бидат опфатени со оваа мерка, откако ќе се донесе законот за нефер трговски практики.

Меѓувреме, дел од експертите очекуваат реакција од институциите ако има ценовен шок.

Мерката гарантира цена сметаат дека е непазарна и таа според нив привремено ги решава проблемите.

Истата згасна пред неколку дена и дел од трговците одлучија да ги поскапат производите.

Експертската јавност ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата да биде поактивна.

Велат дека има закон по кој тие можат веднаш да постапат. Од друга страна Законот за нефер трговски практики  е заглавен во Собрание, а се очекува тој да стави крај на манипулациите со цените.

Па, од тука се отвара прашањето дали повторно на трговците ќе им се остави простор за да си играат со цените.

И додека се бара начин кој и како да ги заштити граѓаните од нов ценовен шок, тие  секојдневно се борат со цените.

Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 1000 евра за да го истурка месецот.