Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерко се пожали од сопартијците од ДУИ дека имале двојни стандарди

/

пред 167 дена

Сподели преку :

Поранешниот струшки градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ им реагираше на своите сопартијци дека имаат двојни стандарди и не застанале во негова одбрана за кривичните пријави, како што сега партијата ги брани пратеникот Блерим Беџети и поранешниот градоначалник Фатмир Дехари.

Мерко преку објава на Фејсбук вели дека внимателно ги следел реакциите на ДУИ за кривичните пријави за Беџети и Дехари за кои партијата е загрижена поради политичкиот притисок, додека него не го зела под заштита.

„Зошто јас, Рамиз Мерко не бев заштитен, додека двајца градоначалници се заштитени? Зошто овој двоен стандард? Барањето за еднаква правда и политичко немешање во институциите е правилно и неопходно.

Но, прашањето кое природно се поставува е: зошто овие принципи не важат за сите подеднакво?, прашува тој. Во објавата ги потсетува сопартијците за неговиот ангажман за партијата, особено за изборните победи во Струга и во Петтата изборна единица.