Во периодот од 1 до 28 декември 2025 година, полициските службеници регистрирале вкупно 18.318 сообраќајни прекршоци низ целата земја. Од нив, 4.019 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина, додека 5.018 прекршоци се за неправилно паркирање, а 1.843 возачи управувале без возачка дозвола.
Лишени од слобода биле 123 лица за безобзирно управување на возило, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење со пречекорена брзина, и три за возење во забранет правец. Дополнително, 679 возачи се санкционирани за алкохол, 18 мотоциклисти за неносење заштитен шлем, а 415 пешаци за непочитување на правилата.
Полицијата исто така санкционирала 1.046 учесници кои не користеле сигурносен појас, а 322 нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај, додека 172 поради техничка неисправност.
T.Д.











