Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Македонија. Тој ќе стапи на должност во јули годинава на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, на која ѝ истекува на мандатот.
Лосон доаѓа во Скопје откако претходно ја вршел функцијата британски амбасадор во Душанбе, Таџикистан. Во неговата професионална биографија се вклучени и должностите заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада.











