Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски го повика Ковачевски да излезе пред јавноста и да не се крие зад статуси на социјални медиуми

/

пред 1619 дена

Сподели преку :

Ковачевски да излезе пред јавноста, а не да се крие зад статуси на социјалните медиуми и да не праќа непознати ликови на прес-конференции кои презентираат за одбиениот предлог за предвремени парламентарни избори порача денеска од Штип, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Смета дека на власта интересот им се тендерите наместо обединувањето, а не покажуваат државнички капацитет, туку неодговорност.

Мицкоски не открива  детали што опзоцијата ќе преземе, ниту  дали на тема предвремени парламентарни избори веќе разговарал со помалите партии. Но најави засилена партиска агенда на терен а наредниот чекор најави дека го презентира уште денес.

Лидерот на опозицијата ги отфрли и обвинувањата од СДСМ дека тие како партија стојат зад штрајкот на СОНК. Тие ги поддржуваат барањата на наставниците, а  смета дека лидерот на СОНК е коалиционен партнер на власта.