Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот

/

пред 1571 дена

Сподели преку :

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повика на масовен протест на Илинденска, убеден дека францускиот документ утре ќе помине на влада. Ја повтори понудата до Ковачевски, да се исфрлат 4 точки од преговарачката рамка и протоколот за да го прифати францускиот предлог. Според него со прифаќањето на актуелниот предлог нема веднаш да почнат преговорите за членство во ЕУ.

„Она кое што јас го имам како информација е дека  најверојатно во текот на утрешниот ден на владина седница ќе помине позитивното „да“ на Бујар Османи, со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично владата се согласува на записникот од првата меѓувладина, но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Така што, очекувам барем малку разум до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно „не“, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет, порача лидерот на опозицијата.