Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски за Ванчо Михајлов и клубот „Цар Борис“ во Охрид

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

Мицкоски бара да се затвори бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис “ но не го споменува „Ванчо Михајлов“. Во интервју на Канал 5 вели дека Михајлов бил предводник на организацијата во одреден историски период додека Цар Борис бил прв човек на држава што соработувала со нацистите во Втората светска војна и наредила да бидат испратени 7.200 македонски граѓани со еврејско потекло во концентрациониот логор Треблинка.

Ванчо Михајлов, во македонската јавност е перципиран како контроверзен историски лик, негатор на Македонците и соработник и близок пријател на Анте Павелиќ, шеф на фашистичката Независна држава Хрватска од Втората светска војна.

– Ние можеме да зборуваме за многу контроверзии за Иван Михајлов или Ванчо, како вие што го нарекувате, и можеме да зборуваме за неговата биографија која е, да, контроверзна. Јас лично не се согласувам со начинот на кој делувал во периодот во кој делувал. Мене не ми е проблем да зборувам за него и за неговите претходници, но да се задржиме на денешницата – рече Мицкоски.

Тој очекува охридскиот клуб на Бугарите во Македонија да се затвори, односно, како што вели, една добра влада што ја сака својата држава и го почитува својот народ, треба да го забрани.

Ванчо Михајлов бил предводник на организација во еден историски период, цар Борис бил предводник на една држава којашто соработувала со нацистите за време на Втора светска војна и наредила да бидат испратени повеќе од 7.200 во тоа време македонски граѓани со еврејско потекло во концентрациониот логор Треблинка. Има разлика од едниот до другиот, вели Мицкоски.

Во врска со тоа дали СДСМ со измените на Законот за политичките партии, со кои исто како и со измените на Законот за здруженијата се засилува оградувањето од фашизмот, нацизмот итн. практично алудира на фашистичките врски на Михајлов и потребата на денешното ВМРО-ДПМНЕ да се огради од него, Мицкоски вели дека денешните лидери не мора да се согласуваат со начинот на кој делувале претходните.

Миомир Серафиновиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов, Мицкоски потврди