Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Борбата против криминалот и корупцијата мора да заврши со конфискација на нелегално стекнатиот имот

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Борбата против криминалот и корупцијата мора да заврши со конфискација на нелегално стекнатиот имот бидејќи криминалот не смее да се исплати, вели премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

Улогата на советот не е оперативна, туку политичка – односно да ги отстранат системските пречки и да обезбедат финансирање за конфискацијата да може да се спроведува.

Според законот, се конфискува имотот стекнат со кривични дела, но во 2024 година беше донесен закон за конфискација во граѓанска постапка, според кој не мора да се докаже дека имотот е од кривично дело.

Ако јавниот обвинител има разумно сомневање дека некој имот е стекнат со криминал да покрене иницијатива за испитување на начините на кој е стекнат имотот.

Ако имотот е многу поголем од пријавените приходи, се поведува постапка за конфискација. Имотот го проверува финансиската полиција, а судската постапка ја води државното правобранителство. Законот сè уште предизвикува дилеми во судската практика.

Советот треба да ја координира работата на различни институции во процесот.