Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Наскоро очекувам разрешница за стопираните средства од ИПАРД програмата и продолжување на исплатата кон земјоделците

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски очекува набрзо да има разрешница и земјоделците да ги добијат парите што во моментно се стопирани поради скандалот со злоупотреби на ИПАРД програмата. По апсењата во ноември, беше стопирана исплатата на средствата.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во понеделникот поднесе обвинение против девет лица и една фирма, по големиот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, откако директорот Илија Стоилев и неколкумина службеници се притворени за поткуп од околу 50.000 евра.