Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Победа во над 30 општини во првиот круг, Македонија не избра партија, туку насока

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Ветивме победа, имаме победа. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја започна вечерашната прес-конференција од седиштето на партијата по првиот круг на гласање на денешните локални избори.

„Ова е триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности, избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови“, рече Мицкоски.

Тој рече дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има победа во над 30 општини во првиот круг.

„Разликата е 2:1, 3:1, некаде многу поголема. Имаме победа и во општини во кои СДСМ имаше свои градоначалници. Убедливо победивме во првиот круг во Струмица, 20 години чекавме на овој ден. Имаме победа и во Делчево, победивме и во Берово., во Битола, во Прилеп, во Штип, во Кавадарци. Имаме огромно водство, Орце има огромно водство, неколку пати повеќе од својот противкандидат во Скопје. И таму извесен победник е Орце во вториот круг“, додаде Мицкоски.

С.Д.