Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Мицкоски: Со мерките за намалување на ДДВ, спречивме двојно поголема инфлација

/

пред 185 дена

Сподели преку :

„Со корекциите што ги направивме и со овие почетни мерки за намалување на ДДВ-то и можноста да се намали акцизата ние ги преполовивме можностите за двојно поголема инфлација од онаа што се очекуваше и според меѓународни финансиски институции“,рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели дека врз основа на нивните пресметки очекувале инфлацијата да се движи меѓу четири и пол и пет проценти во март и најавува дека ќе прават анализи за следните мерки.

„Следните мерки би биле повеќе таргетирани за одредени целни групи на граѓани и одредени производи. Зборувам тука, пред сè, за основните прехранбени производи. И тие мерки би биле комбинирани и со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа. Во оваа насока би се движеле мерките “, рече Мицкоски.