Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, сигурни сме дека ќе ја истрчаме трката до крај

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за косовската телевизија РТК изјави дека со предлогот за уставните измени, кој го нудат, се сигурни дека ќе ја завршат трката до крај. Според него, ваквиот предлог е максимумот што може да се постигне во моментов, додавајќи дека нивната позиција е „да се разговара и да се најде решение“.

Мицкоски посочи дека направeни се значителни дипломатски напори и сега земјава е во позиција да ја отпочнат уставната промена. Истакна дека амандманите 37 и 38 ќе станат дел од Уставот, но тие ќе бидат ефективни, само кога бугарскиот парламент ќе го ратификува Пристапниот договор за ЕУ.

Македонскиот премиер изрази загриженост за влијанието на двојните стандарди во глобалната политика, истакнувајќи дека Македонија се соочува со неприфатливи услови во преговорите за членство во Европската Унија. Мицкоски се осврна и на ситуацијата со Законот за употреба на јазиците, тврдејќи дека ова прашање е вештачки создадено и дека е дел од обидите на политичките групи да ги заштитат своите интереси.