Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Mихајловски од ТМРО за Аеродром: Ќе се откажам од својата плата и ќе ја донирам на семејства кои се социјално засегнати

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Локалните избори се наближуваат, a кандидадите за градоначалници на Општина Аеродром со низа на идеи за развој и модернизација. Предизборна дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром во Топ Тема -Марјан Димитриев – Левица, Дејан Митески – Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски – Коалиција предводена од СДСМ, Дејан Лазаревски – Коалиција Искуство за успех ЛДП, Владимир Михајловски ТМРО.

Кандидатот за градоначалник на Владимир Михајловски ТМРО со ветување дека првото нешто кое ќе го направи како градоначалник ќе биде откажување од сопствената плата која ќе ја донира на социјално загрозени семејства. Дополнително тој презентираше идеи за изградба на нови пензионерски домови, стационар за кучиња во склоп на парк со цел Аеродром да стане похумана општина.

„Во Аеродром би го нагласил хуманиот аспект, ќе тргнам од себе си прво што ќе направам e ќе се откажам од својата плата и таа ќе ја донирам на семејства кои се засегнати социјално. Понатака сакам Аеродром да ја направам хумана општина. Во Аеродром мора да се изградат пензионерски домови, каде повозрасните ќе можат да си го проживеат животот, понатаму би направил од хуман аспект за кучињата скитници би направил стационар, и тоа би го направил во склоп на парк, така би го решил прашањето за кучињата скитници“, Владимир Михајловски ТМРО.

Т.Д.