Актерот Александар Микиќ се осврна на исходите и целите на претставите кои се подготвуваат од страна на театарот.
„Секоја претстава којашто ја правиме сака да каже нешто на овој или на оној начин. Да го има својот фокус на одредени недостатоци или доблести на едно општество и современо живеење. Без разлика дали се работи за брачни односи или правиме претстава како го третира семејното живеење, преку таа претстава на скриени начини се праќаат и други пораки кои се девијација на едно општество“, вели Микиќ.
Сепак тој не смета дека, ако се направи силно ангажирана претстава која би сакала да удри со прст во око во нештото дека ќе постигне нешто повеќе. Тој додава дека кажаното нешто меѓу редови е појако од она што се прави на транспарент и на нешто повеќе.











