Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милановиќ со убедлива победа во првиот круг на претседателските избори во Хрватска

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ оствари убедлива победа во првиот круг на претседателските избори. Милановиќ освои двојно повеќе гласови од кандидатот на владејачката ХДЗ Драган Приморац, со кого влегуваат во вториот круг.

По нешто над 90 проценти обработени гласачки места, Милановиќ освои 49,43 проценти пред Пиморац со 20,05.

Оваа убедливо водство ја изненади и партијата на Милановиќ, СДП, од каде побрзаа овој резултат да го оценат како враќање на партијата на голема врата.

Владејачката ХДЗ беше непријатно изненадена од вечерашните резултати, иако се надеваат дека во вториот круг ќе придобијат многу повеќе од десничарските гласови, имајќи во предвид дека меѓу кандидатите имаше многу десничари.