Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека одлуката на Израел за прогласување на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за „персона нон грата“ не е продуктивна.
Според него таквите чекори не водат кон подобрување на положбата на Израел во светот. ОН извршуваат исклучително важна работа во Појасот Газа.
ОН имаат исклучително важна работа во целиот регион. Кога ОН дејствуваат на најдобар начин, тоа може да биде многу важно за безбедноста и стабилноста, истакна Милер.
Шефот на израелската дипломатија Израел Кац вчера изјави дека му е забранет влез на Гутереш во Израел бидејќи „недвосмислено“ не го осудил иранскиот ракетен напад. Гутереш по нападот на Техеран го осуди конфликтот што ескалира на Блиски Исток.











