Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мина низ група демонстранти, удри во две жени – нов, трет, инцидент на протестите во Белград

/

пред 626 дена

Сподели преку :

Нов, трет, инцидент на протестите во Белград. Возач со автомобил мина низ група демонстранти на денешниот тивок протест во српскиот главен град, при што се повредени две жени.

Според српските медиуми, станува збор за докторки во психијатриска установа. Засега не е познат степенот на повреди што го имаат. Две лица се здобија со тешки повреди во претходните два инцидента.

Денешниот инцидент во центарот на Белград беше трет од ваков вид во последните неколку недели и се случи за време на 15-минутно молчење, што е секојдневие низ Србија за жртвите од уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Многумина во Србија веруваат дека уривањето на настрешницата на 1 ноември, во суштина, е предизвикано од владината корупција во голем инфраструктурен проект со кинески државни компании.

Стотици студенти кои протеститаат, денеска го продолжија својот дводневен протестен марш од Белград до Нови Сад, каде што планираат да блокираат три моста на Дунав во сабота.

Со блокадата на мостовите се планира да се одбележат три месеци од трагедијата во Нови Сад.