Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минчев: Примената на законот за висока раководна служба ќе почне дури по завршување на постојните мандати на в.д. директорите

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Министерот за јавна администрација Горан Минчев признава дека иако новиот Закон за висока раководна служба треба да стави крај на злоупотребата на институцијата вршител на должност, неговите ефекти нема да бидат веднаш видливи. Според законското решение, постојните директори и високи раководители именувани пред почетокот на примената на законот ќе продолжат да ја извршуваат функцијата до истекот на нивниот мандат.

„Овој закон е системско решение кое треба да спречи идни злоупотреби, а не ретроактивно да создаде правна несигурност. Потребен е период за донесување на подзаконските акти, за усогласување на околу 16 други закони и за институционално прилагодување. Имплементацијата нема да стартува преку ноќ, туку откако ќе се воспостави целосниот систем, со што конечно ќе ставиме крај на праксата в.д. директорите да бидат правило, а не исклучок“, изјави Минчев во вечерашната Топ Тема. 

Минчев истакна дека реформите не можат да се спроведуваат со ретроактивно прекинување на мандати, туку преку воспоставување нов систем кој ќе важи за идните именувања, по донесувањето на подзаконските акти и усогласувањето на поврзаните закони.

Т.Д.