Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минималната синдикална кошничка тежи 56.000 денари – во неа само оскудни продукти

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Шеснаесет илјади денари е дупката меѓу две минимални плати и минималната синдикална кошничка, покажуваат податоците на ССМ. Овој пат пресметките и анализите за висината на минималната синдикална кошничка ги изработија двајца поранешни министри за финансии, Никола Поповски и Драган Тевдовски, кои сумата ја позиционираат на 56.522 денари. Со овие средства четиричлено семејство едвај ќе преживее и тоа трошејќи исклучиво на најнеопходните работи, без никаков луксуз и без можност да тргнат барем еден денар на страна како заштеда.

Мора да се напомене дека сумата од 56 илјади денари е доколку четиричленото семејство поседува свој стан а доколку живее под кирија минималната кошница тежи 71.972 денари

За разлика од пресметките во минатото, овој пат Поповски и Тевдовски, раководејќи се од реалната и моменталната состојба воведоа четири нови ставки – комуникации, ресторани и хотели, останати стоки и услуги.

Ставката хигиена кој тежи само 1.714 денари покажува колку ригорозно е правена пресметката.

Пресметките покажуваат дека со две минимални плати се покриваат само 71,4 отсто од минималната кошничка додека една просечна плата покрива само 69,9 отсто.

Клучен проблем е како семејство каде што двајцата родители се со минимални примања ќе дојдат до средства за да располагаат со најнеопходните и минимални 56.500 денари. Во пресметките не е вклучена рата за кредит поради можност за двојно пресметување но и фактот што оваа категорија на граѓани е кредитно неспособна.

Попоски нагласи дека методологијата користена за изработка овозможува ССМ секој месец да прави нова пресметка бидејќи се користени податоци и сајтови кои се ажурираат на дневна база и овозможуваат реална слика.

Огнен Чанчаревиќ