Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерката Јаневска во Топ Тема: Во големите градови недостасуваат градинки, а на истокот во земјата недостасуваат деца во градинките

/

пред 314 дена

Сподели преку :

Во вечерашната Топ Тема на Телма Тостува министерката за образование и наука Весна Јаневска. На почетокот таа говореше за предшколската возраст на децата и меѓу другото истакна дека има недостатокот на градинки таму каде што има концентрација на жители, односно во големите градови.

  • Дополнително традиционалниот начин на живеење посебно во внатрешноста на Македонија,  на истокот во земјата каде постојат градинки, а традиционалниот начин на живеење смета дека децата се посигурни дома со бабите и дедовците, кои подобро ќе ги чуваат децата и можеби подобро ќе ги образуваат. Тоа е нешто што треба да се менува и ќе се менува, но за сето тоа е потребно време. Ќе направиме инфраструктура а таму каде што ја нема ќе треба повеќе да се ангажираме и централната и локалната власт па и самите вработени за да се поткрене свесноста дека децата треба да бидат институционално сместени. Бидејќи она што недостасува тешко се надокнадува кога возраста е надмината, истакна Јаневска.

Во однос на програмите, тие се стари но во поголемите градови и тие програми даваат резултати, односно децата кои оделе во градинка неколку години, кога ќе стигнат во прво одделение тие се подготвени.

  • Во внатрешноста децата се згрижени и делумно воспитувани, но многу помалку се обрнува внимание на знаењето кое треба да го стекнат на одредена возраст, смета Јаневска.

Министерката меѓудругото истакна дека не е добро кога се прават прекини на некоја политика, а промени треба да се весат. Во однос на компетенциите, таа смета дека предшколската возраст треба да биде под капата на министерството за образование.